Пожарот над охридското село Косел се разгоре повторно. Утрово се гаси со два хеликоптери, еден на македонската полиција и еден српски.
– Од време на време локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола, но за жал истиот уште не е изгаснат – рече Ангелов.