Гори дивата депонија што ја направи општината

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која што е направена од општината и од ЈП Комуналец – Кичево, соопшти денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски.

Во објава на својот Фејсбук профил, тој вели веќе подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде општината и ЈП Комуналец – Кичево одложуваат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Кичево.

„Еколошка катастрофа во Кичево, веќе подолг период општината и комуналното претпријатие одложуваат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодари, неподносливо станува да се живее. Денес кулминира со пожар кој ја зафати оваа дива депонија направена од страна на општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна општина. Иако како ВМРО-ДПМНЕ апелиравме и пријавуваме, денес се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш“, напиша Сајкоски на својот Фејсбук профил.

Share This Article