More

    Кошаркарите јуниори вечерва се борат за победнички пехар

    spot_img

    Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва од 21.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против Австрија ќе испише уште една страна од македонската кошаркарска историја.

    По пет победи во првата фаза, дојдоа и победите против Португалија и Бугарија за пласман во финалето на Евро-шампионатот во дивизија „Б“.

    Вечерва на ред е битката за победничкиот пехар, а иако селекторот Горан Андреевски вели дека главната цел е остварена, сепак сака македонската кошаркарска јавност да ја израдува со златните медали.

    – Денес влегуваме малку порастоварени, бидејќи главната цел ја остваривме, а тоа е влез во „А“ дивизијата. Но се разбира и кон овој меч ќе влеземе максимално посветено и ќе се обидеме сите да ги израдуваме со злато. Емоциите ги тргнуваме на страна, играме храбро како и секогаш. Одиме на уште една победа – изјави селекторот пред мечот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img