Зеленски побара специјална процедура за зачленување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати попладнево на донорската конференција на ЕУ за Украина со барање за средства и забрзана процедура за членство во ЕУ. Конференцијата ја организираат Полска и Шведска во рамките на ЕУ. Целта е да се соберат средства за да ѝ се помогне на Украина да се справи со последиците од војната со Русија.

Зеленски се обрати кусо на почетокот на конференцијата со барање за забрзана процедура за членство во ЕУ, што ја нарече „специјална процедура“ за членство.

– Членството на Украина мора да биде апсолутна реалност, не само ветувања и перспективи туку практични чекори, јас го знам тоа и вие го знаете, мнозинството меѓу вас го разбира ова – изјави Зеленски пред присутните лидери на ЕУ, меѓу кои премиерите на Шведска, Полска, како и претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија, Шарл Мишел и Урусла фон дер Лајен.

Премиерот на Украина, Денис Шимал, во својот говор го повтори ова барање, велејќи дека Украина сака членство во ЕУ веднаш, и дека ја води оваа војна „во одбрана на ЕУ“.

Share This Article