Британија и САД ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Smoke rises following what the Israeli armed forces say was an air strike on Hezbollah targets at a location given as Lebanon, in this screen grab obtained from a video released on January 8, 2024. Israel Defense Forces/Handout via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY
- Advertisement -
Ad image

Амбасадата на САД во Бејрут и британската Влада денеска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан, поради страв од судир меѓу Израел и либанското движење Хезболах.

И покрај суспензијата и откажувањето на летовите за Бејрут, „комерцијалните опции за летови за напуштање на Либан остануваат достапни“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.

„Ги охрабруваме оние што сакаат да го напуштат Либан да резервираат кој било достапен билет, дури и ако тој лет не е веднаш спроведлив или не ја следи рутата по нивен избор“, се додава во соопштението.

И британската Влада денеска ги повика своите граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата поради страв од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах и поширок регионален конфликт.

-Тензијата е висока и ситуацијата може брзо да се влоши, рече британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

„Додека продолжуваме да работиме на зајакнување на нашето конзуларно присуство во Либан, мојата порака до британските граѓани таму е јасна – заминете веднаш“, се додава во соопштението, пренесено од француските медиуми.

Убиствата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во средата, за кои е обвинет Израел, и на високиот воен командант, Фуад Шукр, во предградие на Бејрут во израелски напад, ја зголемија опасноста конфликтот да ескалира во сеопфатна регионална војна.

Share This Article