Намерата на „Езимит“ да ја купи „Цантали“ ги обедини грчките бизнисмени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Компаниите „Темес“, сопственик на синџир луксузни хотели во Грција, „Премиа“, компанија која се занимава со недвижности и винопроиизводителот „Елиника вина“ добија дозвола да формираат конзорциум кој ќе даде понуда за време на стечајната постапка за „Цантали“ закажана за 11 октомври.

Долгот на „Цантали“ е 64 милиони евра. Понудата на конзорциумот била 11 милиони евра, а банките бараат најмалку 25, објави порталот МКД.мк.

Порталот потсетува дека веќе пишувал дека македонска винарија пројавила интерес за купување на големата грчка винарија „Цантали“. Според грчките медиуми „Цантали“ е меѓу најголемите извозници на вино во Грција со присуство во 50 земји во светот. Но, винарската визба го прекинала производството уште лани во август, а годинава за пр пат во својата историја, грозјето не било собрано.

Инаку, „Езимит“ е сопственик на винаријата во Штип која има капацитет од пет милиони литри, во Лозово капацитетот е 20 милиони литри годишно, а „Повардарие“ годишно произведува и до 30 милиони литри вино.

Според бизнис логиката, намерата на „Езимит“ за купување на „Цантали“ е многу конкурентна. Но, прашањето е дали во Македонија има капацитет да се формира конзорциум за еден ваков сериозен деловен зафат?

Share This Article