More

    Американците неприкосновени во Париз

    spot_img

    Соединетите Американски Држави го соборија сопствениот светски рекорд во штафетата 4х400 метри мешано на првиот ден од натпреварувањето во атлетика на Олимписките игри во Париз.

    Американците ја минаа линијата за три минути и 7,41 секунди. Претходниот рекорд беше 3:08,80 минути и повторно беше поставена од тимот на САД на Светското првенство во Будимпешта во 2023 година.

    Во трката за САД беа Вернон Норвуд, Шамир Литл, Брајс Дедман и Кејлин Браун.

    Тимот на Франција, носен од избезумената париска публика на „Стад де Франс“, заврши на второто место за 3:10.60 минути. Целата трка беше многу незивесна и третото место му припадна на белгискиот тим со време од 3:10.74 или 0.144 секунди заостанување.

    Изненадувачки или не, селекцијата на Јамајка заврши на четврто место со време од 3:11.06.

    Финалето на штафетата 4х400 мешано е закажано за сабота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img