Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го победи Стефанос Циципас од Грција со 6:3, 7:6(3) за да се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во сингл, рече дека ќе побара дополнителна лекарска проценка за неговата состојба на коленото.
На Ѓоковиќ му беше потребен третман на теренот и за време на неговиот четвртфинален натпревар против Циципас и не е сигурен дали ќе биде подготвен за полуфиналната пресметка со Италијанецот Лоренцо Муцети.
Србинот го повреди коленото на Отвореното првенство на Франција во јуни, а потоа беше опериран на менискусот пред да се врати на терените на „Вимблдон“, каде што загуби во финалето од Шпанецот Карлос Алкараз.
-Загрижен сум за состојбата на моето колено. Не можам да ви дадам точни информации бидејќи во моментов ги немам. Морам да одам да го проверам коленото со мојот физиотерапевт и со медицинскиот персонал на турнирот . Потоа ќе видиме, објасни Новак Ѓоковиќ по синоќешниот меч.