Фудбалерот Гоце Коцевски вчера загинал во сообраќајна несреќа, објавија од неговиот клуб Борец 1919.
Неговите почетоци биле во младинскиот погон на Борец 1919, а потоа и член на Превалец од Велес.
Клубовите со шок и неверување ја примија веста за згаснувањето на животот на овој млад фудбалер и изразија сочувство до фамилијата.
„Нека ти е светол патот до вечноста. Вечна ти слава, играчиште! Сочувство до фамилијата“, напишаа од Борец.