More

    ПОЛИЦИЈАТА СЕ ЗАСИЛИ СО МЛАД КАДАР Потпишани договори со генерацијата 2023/2024

    spot_img

    Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со раководството на СВР Скопје, денеска присуствуваше на потпишувањето на договорите на новите полициски службеници кои беа дел од генерацијата кандидати за полицајци 2023/2024 година и кои станаа дел од македонската полиција, при Секторот за внатрешни работи Скопје.

    Упатувајќи честитки до новите полициски службеници, министерот Тошковски истакна дека на овој начин се создава професионална полиција која ќе ја гарантира безбедноста на граѓаните.

    – Бидете сервис на граѓаните, полиција која ќе ги обезбеди и овозможи сите граѓански слободи и права. За да се борите со криминалот, мора вие да бидете чесни. Бидете дел од правдата, останете доследни на законот и штитете ги интересите на граѓаните и државата. Во вашето понатамошно работење мора да постапувате еднакво и независно од личните определби, религиозни уверувања, национална припадност… Дискриминацијата по било кој основ е забранета – рече министерот Тошковски.

    Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и заменик директорот на БЈБ Арбен Јашари, заедно со раководството на СВР Тетово присуствуваа на потпишувањето на договорите на новите полициски службеници кои станаа дел од македонската полиција, при Секторот за внатрешни работи Тетово, каде заменик министерот истакна дека полицијата треба да им служи на сите граѓани во нашата држава.

    – Искрени честитки до новите полициски службеници. Тука сте да им служите на сите граѓани во државата. Да го одржувате редот, мирот и да се борите против секаков вид на криминал – нагласи заменикот министер за внатрешни работи Исени.

    Државниот секретар при МВР, Сашо Петрушевски им посака срдечно добредојде на помладите колеги во редовите на полицијата при Секторот за внатрешни работи Куманово и многу лична среќа и успеси во професионалниот развој.

    – Со приемот на оваа генерација на полицајци сериозно ќе се зајакнат кадровските потенцијали на МВР, а младите колеги ќе бидат професионално освежување во бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција – истакна меѓу другото државниот секретар Петрушевски.

    Во Битола, пак, во кругот на Секторот за внатрешни работи Битола, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на седумдесетте новопримени полициски службеници честитајќи им ги врачените договори за вработување, им порача на довчерашните кадети со гордост, чест и достоинствено да ги носат полициските униформи.

    – Од вас се бара да бидете кредибилни репрезенти не само на полициската професија, туку и на Министерството во целина, а чесноста и одговорноста кон граѓаните чиј што сервис сме ние, да ви бидат примарни во професионалното работење и постапување – потенцираше директорот Јанев.

    Во изминатата година, кандидатите беа дел од основна обука за полицаец, која беше спроведена во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи. Во текот на обуката, кандидатите покажаа исклучителна посветеност и постигнаа високи резултати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img