Колку ги чини Американците настапот на кошаркарите на Олимпијадата?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кошаркарската селекција на САД во машка и женска конкуренција ја чинеше нивната земја дури 15 милиони долари, откако и двете репрезентации останаа надвор од олимпиското село во Париз.

Откако НБА играчите добија дозвола да учествуваат на Игрите во 1992 година, американските кошаркарски тимови решија да не останат во олимпиското село, туку да имаат посебно сместување за подобро да се подготват.

Според престижното економско списание Форбс, Американците изнајмиле комплетен хотел во строгиот центар на француската престолнина, кој има околу 800 соби за потребите на членовите на стручниот штаб на репрезентациите, спортистите и нивните семејства, а сето тоа го чинело нивното здружение дури 15 милиони долари, без разлика на астрономските плати на НБА кошаркарите.

Покрај сместување и се што спаѓа во концептот „all inclusive“, во цената се вклучени и трошоците за летови, приватно обезбедување, превоз за тренинг и разни други работи.

Share This Article