Девојката на Ди Каприо позира со дијамантски прстен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и неговата девојка, моделот Виторија Серети ги подгреаа гласините дека парот се свршил. Имено, ѕвездите веќе неколку дена уживаат во Италија, а вчера манекенката беше забележана со голем дијамантски прстен на левиот прстен, пренесува Дејли мејл.

Двојката ужива во одморот со најдобриот пријател на Ди Каприо, актерот Тоби Мегваер, манекенката Нилам Гил, актерот Кевин Коноли и поранешниот главен уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул.

Како што знаеме, парот е во врска од минатото лето и ова не е прв пат да се шпекулира за веридба. Серети еднаш носеше сребрен дијамантски прстен, што ја поттикна јавноста да помисли дека парот решил да направи чекор понатаму. Сепак, гласините набрзо беа демантирани.

Се шпекулираше и дека на романсата и дојде крајот кога холивудскиот актер беше во друштво на кантавторката Тејана Тејлор, која нежно го допираше неговото лице на забавата пред Оскарите. Инаку, Тејлор и Ди Каприо тогаш работеа на истиот филм, а актерот јасно стави до знаење дека сè уште ја сака својата Серети кога ја однесе на ручек веднаш по приказните за крајот на романсата. Инаку, пред холивудскиот актер, манекенката се забавувала со италијанскиот диџеј Матео Милери три години, од 2020 до 2023 година.

Share This Article