Терористите одговорни за 11 септември признаа вина и направија договор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца мажи обвинети дека помогнале во планирањето на терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД, вклучувајќи го и наводниот организатор Халид Шеик Мохамед, склучија спогодби за признавање вина што ќе им овозможи да ја избегнат смртната казна, пренесе „Њујорк Пост“ повикувајќи се на неименувани извори.

– Управата за свикување на воени комисии склучи предсудски спогодби со Халид Шеик Мохамед, Валид Мухамед Салих Мубарак Бин ‘Аташ и Мустафа Ахмед Адам ал Хавсави, тројца кообвинети во случајот 11 септември кој се одржува во заливот Гвантанамо – потврди портпаролот на Канцеларијата за воени комисии (ОМЦ).

Обвинетите за тероризам ќе бидат поштедени од смртна казна како дел од спогодбата за признавање вина.

ОМЦ наведе дека конкретните услови и одредби на предсудските спогодби не се веднаш достапни.

Договорите треба да бидат официјално објавени денеска, а изрекувањето на пресудите ќе се одржи во заливот Гвантанамо.

Тројцата обвинети се товарат за обезбедување обука, финансиска поддршка и друга помош на терористите кои киднапираа патнички авиони и ги соборија на Светскиот трговски центар, Пентагон и поле во Шенксвил во Пенсилванија, на 11-ти септември 2001 година.

Во нападите загинаа вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Овде не се вклучени загинатите 19 терористи.

Share This Article