Златото поевтини, а берзанските индекси се нерамномерни

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цената на суровата нафта денеска на берзите се искачи на 78,4 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 81,4 долари. Цената на златото, пак се намали на 2.443 долари за унца.

На отворањето на берзата природниот гас  се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35.,89 евра за мегават-час.

Денеска порасна и цената на пченицата на 5,28 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08185, што е приближно исто како и вчера.

Во очекување на каматните стапки на Велика Британија европските берзански индекси се нерамномерни, а американските индекси пораснаа.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9.15 часот падна на 18.428,95 поени, францускиот CAC 40 на 7.477,80 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.394,75 поени, а московскиот MOEX на 2.945 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 40.842,79 поени, S&P 500 на 5.522,30 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.599,40 поени.

Share This Article