More

    Руското раководство ги зголемило повеќе од двојно премиите за доброволците кои се пријавиле за војната во Украина

    spot_img

    Руското раководство ги зголемило повеќе од двојно премиите за доброволците кои се пријавиле за војната во Украина, пишува денеска агенцијата ДПА.

    Според указот што денеска го потпиша рускиот претседател Владимир Путин, секој што ќе потпише договор за распоредување на фронтот во периодот од 1 август до 31 декември ќе добие еднократна исплата од 400.000 рубљи (околу 4.100 евра), што е двојно повеќе од претходните 195.000 рубли (околу 2000 евра). Дополнително, Русија сега нуди повисока месечна плата, значително повисока од просечната руска плата.

    Откако Русија почна да ги мобилизира резервистите во есента 2022 година, таа првенствено се потпира на финансиски стимулации за привлекување нови регрути бидејќи присилната мобилизација предизвика протести и масовна емиграција на населението.

    Многу региони даваат и бонуси од нивните буџети. Москва, на пример, дава еднократна исплата од 1,9 милиони рубљи (околу 20 илјади евра) овој месец доколку се потпише договор за една година или повеќе. Неколку региони ги зголемија своите премии во последниве недели за да се докажат пред другите.

    Во регионот на Санкт Петербург премијата е околу 1,8 милиони рубљи, во Ростов 1,2 милиони, а во Свердловск 400 илјади, што е сума што ја препорачува Кремљ како минимум.

    Во Москва и другите руски градови, постери рекламираат одење на фронтот.

    Голем број Руси, особено во оддалечените провинции, заработуваат многу малку, а одењето во војна се смета за лесен начин за брза заработка.

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека од почетокот на годинава договори потпишале околу 190.000 руски државјани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img