More

    „Северна Македонија страда поради несогласувањата со соседите“, призна О`Брајан

    spot_img

    САД се очекува да бидат многу активни во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија, штом Бугарија има постабилна влада, јави Глас на Америка на македонски јазик.

    Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан, на сослушување за иднината на Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, ркол дека „Северна Македонија страда поради несогласувањата со соседите, што е еден од проблемите за пристапување во ЕУ и влијае на менување на условите постојано“.

    Тој бил прашан од демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин, што САД можат да направат повеќе да ги охрабрат Европејците да ги исполнат ветувањата за државите од Западен Балкан што ги направиле бараните реформи, без да ги менуваат правилата или условите за нивно придвижување кон ЕУ, како што е случајот со Северна Македонија.

    „Главното прашање е договорот што Северна Македонија го има со Бугарија. И штом Бугарија има постабилна влада, ќе треба да има разговори за точниот начин на кој да се имплементира. Значи, тоа ќе биде област каде што очекувам и ние да бидеме многу активни“, одговорил О`Брајан.

    САД работат да се одржи и договорот со Грција, рекол О`Брајан.

    „Дел од нашата дипломатска работа е да подготвиме пат за да го одржи договорот што го има со Грција, и мислам дека вашата средба и другите помогнаа да се задржи тоа Грција да стане пријател на патот на Северна Македонија напред, наместо критичар. Исто и со Албанија“, изјавил тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img