Итно се повлекуваат коцките на „Подравка“ поради можно присуство на туѓо тело

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година.

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ ги доби вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845.

Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет.

– Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат – велат од АХВ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article