Венеција од утре со нови правила

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Венеција од утре ќе го ограничи бројот на посетители во туристичките групи на 25, а на туристичките водичи ќе им биде забрането да користат звучници за да се „заштити мирот на жителите“ и да се обезбеди послободно движење на пешаците.

Во оваа бројка не се вклучени деца до две години, како и ученици и студенти на училишни екскурзии. Оние кои нема да ги почитуваат новите мерки може да се соочат со казни од 25 до 500 евра.

Ограничувањата, кои се првично планирани за почетокот на јули, го вклучуваат центарот на градот, како и островите Мурано, Бурано и Торчело.

Во април, Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за плаќање за посетителите во рамки на експеримент кој има за цел да ги одврати туристите од посета во текот на сезоната.

Taa шема траеше 29 дена, по што следеа консултации за иднината на проектите кои имаат за цел да го намалат влијанието на масовниот туризам врз Венеција.

Share This Article