More

    Дали знаете зошто морето е солено?

    spot_img

    Милиони години, минералите и солите течат од реките во морињата и океаните. Водата од морињата и океаните, како и секоја друга вода, се губи со испарување, а солта останува растворена и ја прави преостанатата вода сè посолена.

    Дел од океанската сол се произведува и со процеси како што се ладење на магматските карпи од Земјината кора или атмосферски влијанија на карпите и седиментите на дното на океанот.

    Изворите на сол се и цврсти и гасовити материи кои излегуваат од Земјината кора преку подводна вулканска активност, пишува Крстарица.

    Покрај природните појави и процеси, врз хемискиот состав на морската вода влијае и животот во морето.

    Морските организми излачуваат многу хемиски елементи и влијаат на нивната концентрација во морето, но ниту еден организам не отстранува натриум хлорид (готварска сол) од водата.

    Пропорцијата на сол во морето се нарекува соленост и се изразува во грамови на килограм (g/kg) или во делови на милион (‰).

    Просечната соленост на морињата и океаните е 35 ‰. Посолени се оние мориња кои примаат помала количина на врнежи, имаат помал дотек на реки и поинтензивно испаруваат.

    Балтичкото Море има најниска соленост, само 6 ‰.

    Нивото на сол во морето денес е толку високо што морската вода не може да се пие, но тоа не значи дека не може да се користи за други цели.

    Од еден литар морска вода може да се добијат околу 35 грама кујнска сол.

    Солта во морето го олеснува пливањето и останувањето на вода, поради што учењето пливање во море е многу полесно отколку во базени.

    Лековитите својства на морската вода поради солта и минералите со кои е богата се познати уште од античко време и не ја изгубиле својата важност ниту денес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img