More

    За Холандија настапува осуден педифил, публиката го дочека со свирежи

    spot_img

    Учеството на холандскиот одбојкар, Стевен Ван де Велде, е уште еден од серијата скандали поврзани со Олимписките игри во Париз. Ван де Велде се натпреваруваше покрај Ајфеловата кула во дисциплината одбојка на плажа и од публиката беше дочекан со свирежи. Стевен Ван де Велде во 2016 година беше осуден за силување на 12 годишно девојче.
    Холандскиот одбојкар на плажа, Ван дер Велде денеска покрај Сена под Ајфеловата кула со својот партнер Метју Имерс играше одбојка на плажа против италијанската двојка Алекс Рангиери и Адријан Игнасио Карамбула Раурих.  Холанѓаните загубија со 2-1.

    Осудениот силувач на деца, кој со поддршка на Холандскиот олимписки комитет сега се натпреварува на Олимписките игри, беше дочекан и испратен со свирежи за време на неговиот прв настап во Париз.

    Холандскиот одбојкар се најде во центарот на бурата во Париз, откако групите на жртви на насилство реагираа дека неговото вклучување на ОИ испраѓа опасна порака до силувачите и ќе предизвика „колатерална штета“ на жртвите на сексуална злоупотреба.
    Свирежите се слушаа кога Ван де Велде беше претставен пред публиката на стадионот кај Ајфеловата кула во центарот на Париз, но беа заменети со овации кога неговиот холандски соиграч Имерс излезе на теренот пред натпреварот на холандската двојката против двојката од Италија.

    Свирежите што го поздравија играчот се невообичаени на Олимписки игри и особено на најспектакуларно место во Париз. За разлика од француските навивачи и реакциите од поголем дел од спортскиот свет, Холанѓаните се за нијанса потолерантни кон нивниот олимпиец и тешкото кривично дело.

    Двајца холандски навивачи изјавија дека купиле билети за настанот пред година и пол пред да се разнесе скандалот, пренесува „Гардијан“.

    – Мислам дека ја имаше својата казна, па сега може да започне на „чиста мрежа“ – изјави една холандска навивачка за британскиот весник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img