Речиси 2 милиони тони биоотпад создава сточарството во земјава, а преработувачката индустрија во земјоделскиот сектор создава повеќе од 41.000 тони отпад

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Речиси 2 милиони тони биоотпад создава сточарството во земјава, а преработувачката индустрија во земјодекскиот сектор создава повеќе од 41.000 тони отпад.

Ова го покажало истражувањето на Асоцијацијата на биогасни централи и производители на биомаса во рамките на Стопанската комора, кое е дел од проект реализиран  во соработка со Програмата зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ финансирана од Владата на Швајцарија, a имплементирана од групацијата Palladium International LLC. Истражувањето е презентирано на работилница на тема „Биоотпадот во С. Македонија – мапирање на проблемот и изнаоѓање решенија“.

Главната цел на работилницата, како што соопшти Стопанската комора, било преку овие податоци да се согледа каков тип на органски отпад генерираат 150 најголеми компании од агросекторот, во колкави количини и со колкава енергетска вредност и во кој период од годината се создава на територија на целата држава.

Во процесот на мапирање биле вклучени компании од четири потсектори – преработувачка индустрија, производство и откуп на овошје и зеленчук, сточарството и винска индустрија. Ваквиот тип на мапирање и на извештај ќе биде од голема важност за Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во насока на подобрување на подзаконските решенија во иднина и нивно доследно спроведување во пракса.

„Во однос на свесноста за влијанието на био-отпадот, дури 93% од компаниите сметаат дека истиот што го генерираат од процесот на производство НЕ влијае негативно на животната средина“, се наведува во соопштението.

Согласно податоците добиени во процесот на мапирање и испитување на компаниите, над 1.900.000 тони се генерира отпад во сточарство (30% мапиран), а околу 41.031 тони отпад во делот на преработувачка индустрија, процесирање на овошје и зеленчук и винарии (70% мапиран).

„Во согласност со легислативата на ЕУ, односно измените на ЕУ (2008, 2018б), органскиот отпад ќе мора да се одвојува на изворот, а 65 % од него да се рециклира до 2035 година.Земјава е обврзана да спроведе активности за решавање на проблемот со органскиот отпад и намалување на емисијата на CO2. Целта на Европската унија е до 2030 година да ја намали емисијата на CO2 за 55%“, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека тоа е основа и за идејата да се формира Асоцијацијата како посебно тело во рамките на Стопанската комора кое ќе ги третира актуелните интереси на постојните биогасни централи во РСМ кои изразија подготвеност активно да се вклучат во изнаоѓање на најсоодветен модел за преземање и користење на органскиот отпад како суровина за производство на електрична енергија, а како нус производ се добива дигестат кој е идеално ѓубриво кое може да се користи во земјоделското производство.

- Advertisement -
Ad image

„Потребно е во Асоцијацијата да се вклучат најголемите компании од прехранбениот сектор за да се забрзаат активностите“, наведуваат од Комората.

Оттаму информираат и дека во изминатиот период се одржани неколку работни средби со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, како и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Утврдено е дека постои законска рамка според која оној кој создава отпад има одговорност до крајното решение. Компаниите се должни да го предадат за натамошна обработка или да создадат услови, во рамките на своите капацитети, за обработка и за менаџирање на органскиот отпад, без притоа да креираат штета врз животната средина.

„Сегашната практика на спроведување на отпадот до локалната самоуправа не е законски регулирана на начинот на кој се практикува, туку е спротивна на оваа регулатива бидејќи комуналните претпријатија немаат капацитети за менаџирање на органскиот отпад и негово безбедно одлагање. Скоро сите депонии во моментов се нестандардни, немаат соодветен третман и затоа и не смеат да примаат органски отпад. Постои и правилник за количеството на биоразградлив отпад што смее да се депонира. Потребно е како следен чекор да се види до каде се имплементирани плановите за третман на овој отпад, за потоа да се прејде на следните активности во соработка со МЖСПП. Во мапирањето беше предложено, како дополнителна активност, да се пресмета и трошокот за транспорт и за манипулација на органскиот отпад од производствените и преработувачките капацитети до биогасните централи3, се вели во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

На работилницата се презентирани менаџмент-системот за биоотпад во Р. Словенија, легислативата за регулирање на биоотпадот и постојните практики за менаџирање со биоотпадот во Р. Словенија.

Асоцијацијата, како дел од своите идни активности, има намера да направи дополнително истражување за добрите пракси од ЕУ-земјите во кои органскиот отпад е посебно регулиран, што би дало можност МЖСПП да поведе иницијатива за креирање посебна законска регулатива која ќе се однесува само на органскиот отпад.

Share This Article