Оскаровката Никол Кидман се појави во друштво на својата постара ќерка Сандеј Роуз во Париз, на настан организиран од еден од најпознатите брендови за луксузни часовници „Омега“, чија австралиска актерка е амбасадорка со години. Мајка и ќерка пристигнаа заедно и позираа на црвениот тепих на општо задоволство на присутните фотографи.
Никол Кидман (57) направи исклучок и позираше во јавноста со својата 16-годишна ќерка Сандеј Роуз Кидман – Урбан.
Австралиската актерка за оваа пригода избра комбинација во бела боја, која се состоеше од топ со широки ракави кој стигнуваше до лактот и здолниште со висока половина.
Станува збор за комбинација со потписот на познатиот бренд „Валентино“, а изгледот го заокружила со чевли во иста бела боја.
Сандеј Роуз, ќерката на познатата актерка од бракот со сопругот Кит Урбан, се појави во сет; костум панталони со широки ногавици кои ги покриваат чевлите и елек од истиот комплет.
Инаку, Сандеј Роуз и Фејт, ќерките на славниот пар, не се појавуваат често на црвениот тепих. Последен пат беа видени во друштво на нивните познати родители кога Никол ја доби наградата за животно дело АФИ.
Инаку, Никол Кидман во бракот со Том Круз ги посвоија ќерката Бела која сега има 31 година и синот Конор која има 29 години.