More

    Џенифер Лопез се расправала со папараците

    spot_img

    Во текот на престојот во Хемптонс, Џенифер Лопез се расправала со папараците. Снимката од настанот ја објави „Дејли мејл“ на својот инстаграм-профил.

    „Тргнете се од мене и моите деца, одете си“, извикала 55-годишната пејачка видно вознемирена.

     

    Корисниците на Инстаграм коментираа дека таа само бара внимание и дека добро го одглумила настанот. „Кога беше со Бен, сакаше внимание, сега го мрази“, „Сакаше слава, ја доби“, „Колку им плати на папараците за ова“, беа само дел од коментарите.

    Од друга страна, корисниците на Редит излегоа во нејзина одбрана.

    „Ја малтретираат кога е со децата, не е убаво“, „Да требаше да ги трпам папараците 30 години, и јас би се однесувал вака“, „Ова е страшно. Најлошото е што таа не прави ништо за да ги заштити нејзините деца“, „Мразам кога ги малтретираат познатите деца, тие не го избраа тоа“, беа зборовите со поддршка што ѝ ги испратија нејзините обожаватели.

    Потсетуваме, познатата пејачка неодамна го прослави својот 55-ти роденден. Лопез веќе некое време никаде не го спомнува нејзиниот сопруг Бен Афлек. Магазинот „Пипл“ пишува дека тој не се ни појавил на нејзината роденденска забава. Се шпекулира за нивен развод, но парот се уште нема официјално соопштение. Тие неодамна ја ставија на продажба нивната палата во Беверли Хилс, по што сомнежите се засилија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img