More

    Ким Јонг Ун не се чувствува добро, потребни му се лекови

    spot_img

    Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја објави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун страда од здравствени проблеми поврзани со дебелината, вклучувајќи висок крвен притисок и дијабетес, а неговите соработници се обидуваат да набават лекови од странство.

    Исто така се наведува и дека 40-годишниот Ким е зависен од алкохол и цигари. Додека неговиот татко Ким Јонг-ил и неговиот дедо Ким Ил-сунг, кои беа на власт пред него, починаа од проблеми со срцето.

    Ким, кој е висок околу 170 сантиметри и е тежок над 140 килограми, ја презеде власта во 2011 година, по смртта на неговиот татко. Според видеоснимките во 2021 година Ким видно ослабе, но сега повторно има 140 килограми.

    Јужнокорејските разузнавачи тврдат дека Ким покажува симптоми на висок крвен притисок и дијабетес уште од неговите рани 30-ти години и најверојатно ќе се соочи со проблеми со срцето доколку не ги промени своите навики. Според нив, дебелината на Ким е поврзана со консумирање алкохол, пушење и стрес.

    Северна Кореја е една од најтајните земји во светот и нема информации за здравствената состојба на Ким. Прашањето за неговото здравје е од интерес за меѓународната заедница бидејќи официјално не е одлучено кој ќе го наследи и ќе ја преземе контролата врз растечкиот нуклеарен арсенал на земјата.

    Најдобра позиција за наследник на Ким е неговата 10-годишна ќерка, Ким Џу-ае. Таа го придружуваше Ким на голем број јавни настани од висок профил во изминатите две години. Севернокорејските државни медиуми ја нарекоа „омилено“ дете на Ким Јонг-ун и емитуваа снимки и фотографии за да ја покажат нејзината растечка политичка важност и блискост со нејзиниот татко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img