Страшна приказна доаѓа од индиската држава Мадја Прадеш, каде еден човек за малку ќе настрадаше од питон долг пет метри.
На социјалните мрежи кружи видео од спасувањето.
Локалните медиуми јавуваат дека мажот отишол до грмушките да се олесни, не сфаќајќи дека е во голема опасност.
Веднаш штом се спуштил, огромниот рептил му се обвил околу нозете и вратот. Мештаните го слушнале лелекот и истрчале да видат што се случува.
Питонот се подготвил да ја задуши и проголта жртвата, кога еден од храбрите почнал да го удира со секира. На видеото се слуша како некој вика: „Убиј го“.
Несреќниот маж бил ослободен од смртоносната „прегратка“ и префрлен во болница каде му била укажана лекарска помош. Властите ги предупредија граѓаните да не талкаат сами надвор од нивните заедници.
Потсетуваме, мајката на четири деца од Индонезија, Фарида (45) неодамна беше нападната од петметарски питон, но не можеше да се спаси.
По потрагата, спасувачите пронашле огромен рептил, а кога го расцепиле – ги виделе нејзините останки.