Министерот за јавна администрација Горан Минчев по турбуленциите во владината коалиција рече дека „балансерот“ е завршена и архивирана работа. Тој порача дека околу повлекувањето на „балансерот“ и правична застапеност на етничките заедници во јавната администрација. Тој е дециден дека не се обидува да провоцира туку го следи законот. Нагласи дека во законската рамка јасно стои дека алатката „балансер“ се применува исклучиво на резидентното население во државата според пописот.
– Не постои ништо намерно. Или ќе се почитува закон или не. Како министер сум должен да го почитувам законот. Стриктно е наведен членот се однесува исклучиво на резидентното население односно на територијата на Република Северна Македонија, односно сите жители на територијата на Република Северна Македонија ќе бидат во формулата за пресметка на таканаречениот „балансер“. Да повторам таа тема е завршена архивирана и се спроведува – изјави министерот Минчев.
Околу „балансерот“ има судир во Колаицијата „Вреди“ во рамиите на Владата а министерот Минчев порача дека коалициските партнери треба повеќе да читаат закони а помалку да се бават со дневна политика.
– Најмалку имам намера да провоцирам еден од нашите партнери во Влада. Јас ќе повторам, исклучиво спроведуваме закони а еден од принципите на кои е договорена коалицијата е почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во законот за вработени за јавен сектор децидно пишува дека алатката „балансер“ се применува исклучиво за граѓаните кои живеат на територија на Република Северна Македонија а тоа е резидентното население согласно последниот попис. Јас се надевам дека колегите од ВЛЕН ќе се вразумат и ќе потрошат повеќе внимание на читање на постоечките закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони а не да се занимаваат со дневно политички теми – дециден е Минчев.
Квалитетна и подготвена а не партиска или етничка администрација и департизација на јавниот сектор е императив за Владата.
– Основната заложба на оваа влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување. Мислам дека е дојдено време во администрацијата да се вработуваат луѓе врз база на знаење и квалитет за да имаме силна ефикасна и добра јавна администрација. Првото начело е да имаме квалитетни закони. Ако ова го постигнеме тогаш може да зборуваме за добра и квалитетна администрација – дополни Минчев.
Министертвото со кое раководи, денес од собраниска процедура ги повлече Законот за административни службеници, предлог Законот за вработени во јавниот сектор и предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.