More

    Министерството за јавна администрација ги повлече три предлог закони од собраниска процедура поднесени од претходната Влада

    spot_img

    Министерството за јавна администрација ги повлече три предлог закони од собраниска процедура поднесени од претходната Влада. Станува збор за предлог Законот за административни службеници, предлог Законот за вработени во јавниот сектор и за предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

    – Оваа обврска е согласно донесениот Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со која впрочем и се формира ова Министерство. Но, сакам да потенцирам дека освен техничкото усогласување со ЗОРОДУ, повторно отвораме широка дебата за овие закони, со цел сите заинтересирани и засегнати страни, граѓански организации, институции, синдикати, меѓународни организации, преставници на СИГМА и на Европската комисија, експертската јавност и опозицијата во државата да дадат свој придонес и свое мислење – изјави денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

    Новата законска рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да обезбеди вработување и унапредувања засновани на заслуги.

    Почнувајќи од утре, Министерството за јавна администрација организира процес на консултации преку организирање кампања под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

    Минчев извести дека вчера предлог законите се веќе објавени на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) каде сите граѓани, здруженија и останати засегнати страни можат да дадат предлози, сугестии и мислења по однос на предлозите.

    Во рамки на кампањата, Министерството за јавна администрација во партнерство со Центарот за управување со промени (ЦУП), и со поддршка на Британската амбасада и неговата екселенција, амбасадорот Метју Лосон, и НЕТ фондот, организира јавна дискусија за клучните предизвици со кои се соочуваат институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија.

    Првата јавна дискусија ќе биде организирана утре, 31 јули 2024 година.

    Меѓу другото, во рамки на предлог Законот за административните службеници ќе се дискутира за дорегулирање и унапредување на моделот на вработување и управување со учинокот, темелени врз компетенции, поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем на пресметка на плата, дополнително мотивирање на вработените и унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img