More

    Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска

    spot_img

    Поранешниот фудбалер Звонимир Бобан е потенцијален кандидат на ХДЗ за претстојните претседателски избори во Хрватска, откриваат хрватските медиуми. Неделникот Национал објави информација дека во рамките на партијата се засилува иницијативата ХДЗ да го предложи харизматичниот поранешен фудбалер за претседателски кандидат што ќе му се спротивстави на Зоран Милановиќ.

    Како што наведува Национал, станува збор за иницијатива покрената од група луѓе во партијата, а еден нивни претставник пред неколку дена ја презентирал на лице исклучително блиско до Андреј Пленковиќ, актуелниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ. Во врска со оваа иницијатива, според неделникот, минатата недела се одржала тајна средба на Макарската ривиера.

    – Ми се чини дека Бобан е добар кандидат. Тој е бескрајно популарен поради фудбалот и борбата против полицијата, но не е само икона од ваков вид затоа што тој е доктор на историски науки и човек кој има меѓународно искуство. Претходно искажуваше независни ставови и можеше да привлече дел од оние гласачи кои не се за ХДЗ или кои се незадоволни од Зоран Милановиќ – вели поранешниот дипломат Божо Ковачевиќ во својата анализа за претстојните претседателски избори во Хрватска.

    Легендарниот капитен на Динамо и поранешен главен оперативец на УЕФА, Звонимир Бобан, за порталот Индекс.хр откри каков  е неговиот став за потенцијалната кандидатура за прв човек на државата.

    – Ако веста е точна, им благодарам на луѓето за иницијативата, сите живееме за некаква почит и признание. Како и да е, тоа никогаш нема да се случи… Нека им е со среќа на кандидатите – изјави Звонимир Бобан.

    Доколку сепак, влезе во претседателската трка и биде избран за претседател на Хрватска, Бобан нема да биде единствен фудбалер на чело на држава. Од фудбалскиот терен во политиката влезе и славниот Џорџ Веа. Во октомври 2017 година Веа беше избран за претседател на Либерија, а во јануари 2018 ја презеде претседателската функција која ја извршуваше до јануари 2024 година.

    Фото: Википедија

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img