Хрватскиот државен инспекторат од пазарот повлече говедски и пилешки коцки за супа произведени од Подравка, со тежина од 120 грама, со рок на траење од 2 и 3 јули 2025 година поради можна контаминација поради механичко оштетување на машината.
Повлечената говедска коцка е од серијата 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека пилешката коцка е од серијата 0307241 со датум на употреба до 3 јули 2025 година, објави Хрватската агенција за земјоделство и храна на својата веб-страница.
Производител е компанијата Подравка од Копривница, на чија веб страница е објавено известување за потрошувачите и табела со детали за отповиканата серија.
Само две серии беа наменети за хрватскиот пазар, додека другите се пласирани во Словенија, Словачка, БиХ, Естонија и Полска.