Обожавателите на принцезата Дијана ќе можат да ги купат нејзините рачно напишани писма на аукција. Од детството и ги пишувала на својата куќна помошничка, а во писмата Дијана го опишува текот на животот во кралското семејство. Писмата се од многу приватна природа, велат од аукциската куќа.
Во аукциската куќа Sworders денеска ќе бидат понудени рачно напишани писма и картички од принцезата Дијана до нејзината куќна помошничка од детството. Писмата се упатени до Виолет Колисон, која Дијана ја нарекувала Коли, и која била куќна помошничка во Парк Хаус на имотот Сандрингем, каде што принцезата ги поминала детските години, пишува Би-Би-Си.
Коли остана во контакт со принцезата подоцна во животот, испраќајќи ѝ подароци на неа и на принцовите Вилијам и Хари, на што Дијана одговори со благодарници и божиќни честитки.
Едно од писмата, напишано на хартија од Бакингемската палата, било испратено само три недели пред свадбата на Дијана со принцот Чарлс. „Сите беа опсесивно зафатени со украси во последен момент“, напиша тогаш Дијана Спенсер, додавајќи: „Но, идната невеста остана сосема мирна!“ Во друго писмо од септември 1984 година, Дијана и напишала на својата поранешна куќна помошничка во писмо со благодарност за подарокот до принцот Хари, меѓу другото: „Вилијам го обожава својот помал брат и цело време го гушка и бакнува…“
Директорот на аукцијата Sworders, Лук Мекдоналд, рече дека писмата се многу приватни и не им се познати на луѓето надвор од потесниот круг на кралското семејство. Писмата во кои и се заблагодарува за малите подароци покажуваат колку Дијана била љубезна, дарежлива и грижлива, додаде тој.
Дијана тајно ја посетила куќната помошничка
Виолет Колисон беше присутна на раѓањето на Дијана и нејзините три браќа и сестри – Сара, Џејн и Чарлс. Кога се распадна бракот со Спенсер, Виолет ја следеше мајката на Дијана, Френсис Шанд Кид во Лондон во 1967 година, пред да се врати во Норфолк и да се пензионира. Без нејзиното обезбедување, Дијана се излизгала да ја посети неколку пати. „Таа беше константа во животот на Дијана, некој со кој можеше да се поврзе, а можеби дури и да избега од светот во кој беше“, објасни Мекдоналд.
Споменатата аукциска куќа објави и дека за предметите на Дијана веќе биле заинтересирани понудувачи од целиот свет, особено од САД. На аукцијата ќе бидат вклучени и фотографии во рамка и божиќни честитки, како и поканите на г-ѓа Колисон за свадбата на принцезата Дијана со тогашниот крал Чарлс во 1981 година.
Мекдоналд додаде дека некои поединечни писма се проценуваат меѓу 800 и 1.200 фунти, иако очекува уште поголеми суми, пренесува британски Би-би-си.