More

    Бјанка Ценсори ја однесе ќерката на Канје Вест во кино во бизарна модна комбинација

    spot_img

    Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, повторно шокира со своите модни изданија.

    Двојката ја однеле ќерката на Канје, Норт Вест во кино за да го гледа новиот филм на Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен, „Deadpool & Wolverine“.

     

    Бјанка облекла необична комбинација за да оди во кино. Имаше маица со долги ракави, капа, штикли и – долна облека.

    Со оглед на тоа дека сопругата на Канје со месеци се шета полугола во јавност, странските медиуми објавија дека Ким Кардашијан, поранешната сопруга на раперот и мајка на неговите деца, не ги одобрува нејзините модни изданија.

    Наводно го предупредила дека мора да ја „покрие“ Бјанка кога се во близина на нивните деца, пишува „Дејли мејл“. Иако Ким има пријателски односи со новата сопруга на Канје, таа не е ентузијаст за нејзината мода и не сака таа да се појавува така пред децата.

    – Ким го предупреди Канје да не дозволи Бјанка да се облекува така околу нивните деца. Навистина е изненадена што ја остава сопругата така да ја напушти куќата – рекол изворот. За разлика од Бјанка, Канје ѝ бранеше на Ким да се облекува провокативно.

    Не е само Ким единствена која го критикуваше нејзиното облекување. Рестораните одлучија да им забранат на Бјанка и Канје Вест да влегуваат во нивните ресторани поради нејзините модни комбинации, напиша „Дејли мејл“.

    Бјанка неодамна се појави со својот сопруг во ресторан во Лос Анџелес. Таа носеше мал градник кој и ги покриваше само брадавиците, тесни шорцеви и сандали со потпетици. Нејзините модни комбинации станаа премногу за угостителите.

    „Ако јас сум сопственик на кој било објект во кој има намера да влезе оваа двојка, ќе им кажам, од почит кон моите гости, дека не смеат да влезат“, се огласи еден ресторан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img