More

    Српскиот фолк пејач Аца Лукас вчера итно бил примен во Ургентен центар

    spot_img

    Српскиот фолк пејач Аца Лукас вчера итно бил примен во Ургентен центар. Како што дознава српски „Курир“, пејачот во здравствената установа дошол со треска и други здравствени проблеми, поради што ќе биде хоспитализиран.

    Аца Лукас во наредниот период ги откажа сите настапи и концерти поради нарушено здравје, а оваа информација ја сподели неговиот менаџер и продуцент Саша Мирковиќ.

    Тој откри за што се работи и додаде дека во следните неколку дена сите од тимот на Аца го очекуваат неговото закрепнување.

    „Почитувани господа/госпоѓи, во име на Александар Вуксановиќ и во име на Хајп продукција, ве известувам дека концертите на Аца Лукас ќе бидат откажани или одложени во следните неколку дена поради неговата здравствена состојба. Сите со нетрпение го очекуваме неговото брзо закрепнување и продолжувањето на турнејата. П. С. За да не се шпекулира, станува збор за висока температура предизвикана од силна настинка, бидејќи Аца имаше повеќе од 30 настапи во претходните 60 дена и му падна имунитетот“, изјави Мирковиќ.

    Да потсетиме, Лукас неодамна се пресели од Белград во Нови Сад, па откри колку му се допаѓа животот во новиот град:

    „Во Нови Сад е одлично. Таму сум неколку месеци, атмосферата е многу полесна. Велат дека во Нови Сад една трае 40 секунди“, рекол Лукас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img