Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје е повеќекратен национален рекордер во брзо решавање Рубикова коцка.
Чешмеџиевски, освен со раце, решава коцка и со нозе.
Најголем успех му бил да ја намести Рубиковата коцка со нозе за неверојатни 78 секунди.
Досега освоил 59 медалји на домашни и меѓународни натпревари.
Најголемата поддршка ја има од родителите, но и од соучениците и наставниците. Неговиот татко Ристо Чешмеџиевски е основач на македонската кјубинг асоцијација.
Слушнете ја приказната за Ѓорѓи Чешмеџиевски на овој линк.