Кина ургирала Милошоски и Битиќи да не одат на самит во Тајпеј

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Битиќи од СДСМ добиле силни ургенции упатени со висок тон од амбасадата на Народна Република Кина во Скопје да го откажат нивното учество на четвртиот Самит на ИПАК (IPAC), меѓународна неформална организација на парламентарци, кој оваа година се одржува од 29 до 30 јули во Тајпеј, Тајван, објави порталот МКД.мк.

МКД.мк дознава дека пораките да се откажат од патување во Тајван освен лично, им биле испратени и преку високи функционери во двете политички партии. Но и покрај ова, пратениците Милошоски и Битиќи ќе учествуваат на четвртиот Самит на ИПАК во Тајван.

ИПАК е најголемата неформална група на пратеници фокусирана на одговор на ширењето на сферите на интерес на Кина низ светот. Основана е во јуни 2020 година во која по личен избор членуваат околу 230 пратеници од 30 држави, на неформална, волонтерска основа. Нивната цел, како што пишува на официјалната веб страница е со нивната независност, политичка различност и способност да поттикнат промени.

Политичари од Боливија, Колумбија, Словачка, БиХ и на уште една азиска држава изјавиле за Асошиејтед прес дека добиле пораки, повици и итни барања за состаноци со цел да бидат одвратени од патувањето во Тајван.

Асошиејтед прес разговарал со организаторите и со тројца пратеници и имал увид во текстови и мејлови кои кинески дипломати ги испраќале и во кои ги прашувале пратениците дали планираат да учествуваат на собирот.

„Јас сум Ву, од кинеската амбасада. Слушнавме дека сте добиле повик од ИПАК, дали ќе присуствувате на конференцијата која ќе се одржи следната недела на Тајван“, гласела пораката испратена до Милошоски.

Ни кинеското ни тајванското министерство за надворешни работи не одговориле на барањето на АП за коментар во врска со пораките кои идните учесници на самитот ги добиле во изминатите денови.

Share This Article