Цената на парното од 1 август за домаќинствата во Скопје кај најголемиот производител Топлани на Град Скопје се намалува за 3,16%

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цената на парното од 1 август за домаќинствата во Скопје кај најголемиот производител Топлани на Град Скопје се намалува за 3,16%, кај оние кои се греат на парното на Скопје Север цената на парното се намалува за 1,71% додека кај оние кои се греат преку ЕСМ цената ќе им биде намалена за 0,5%.

За останатите корисници цената на парното се намалува за 17% кај потрошувачите од топланите, за 17,22% за потрошувачите на Скопје Север и за повеќе од 40% кај потрошувачите на ЕСМ.

Ова го соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска на прес конференција.

Тој рече дека од август нема да има субвенции за домаќинствата кои користат парно во Скопје бидејќи цената на гасот е стабилизирана на ниско ниво.

Граѓаните ќе добиваат субвенции заклучно со јулската сметка, а веќе во августовската тие нема да ги има.

Топланите се должни да им испорачаат топлина од 21 степен на граѓаните.

Бислимоски апелираше ЕСМ што побрзо да го инсталира цевководот на мостот Беласица, бидејќи топлинската енергија која ја произведува Те-То е поевтина од топланите.

Околу 63.000 домаќинства во Скопје се греат на парно.

Share This Article