More

    Мештаните ставени во карантин поради хипертуризмот

    spot_img

    Грчкиот остров Санторини важи за една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Но хипертуризмот и топлите што го преплавуваат островот им создава проблем на локалните жители.

    Општинскиот советник во Санторини, Панос Каваларис им порача на жителите да останат дома бидејќи рекорден број туристи се спуштија на грчкиот остров.
    Тој, во објава на Фејсбук која потоа беше избришана, ги повика жителите да останат дома и да ги избегнуваат толпата туристи кои ќе пристигнат на островот за време на шпицот на сезоната во последните неколку дена.
    – Претстои уште еден тежок ден за нашиот град и остров со пристигнување на 17.000 посетители од бродови за крстарење. Бидете внимателни, максимално ограничете го вашето движење – порача Каваларис.

    Но објавата предизвика негодување кај мештаните.

    „Официјално бара од мештаните да се заклучат дома, за туристите да шетаат слободно, прекрасно“ – гласи еден од коментарите.

    Јасно е дека ситуацијата на Санторини во однос на бројот на туристи кои масовно доаѓаат на островот излегува од контрола.

    Многумина чекаат со часови на попладневните горештини за да најдат добро место меѓу белите куќи и црквите со сина купола за да го гледаат зајдисонцето на грчкиот остров.
    Санторини е клучна станица на грчкото крстарење. Но, со оглед на тоа што делови од островот се ближат до заситеност, властите размислуваат за ограничувања.

    Толпа туристи го фотографираат зајдисонцето на познато место во селото Оја на грчкиот остров Санторини. Во позадина минува брод за крстарење, кој најверојатно ќе носи повеќе туристи. Санторини има само 15.000 постојани жители, но привлекува неверојатни 2 милиони посетители годишно.

    – Мораме да поставиме граници ако не сакаме да потонеме под прекумерен туризам – изјави градоначалникот на Санторини, Никос Зорзос.

    Тој додаде дека островот не може да си дозволи „еден кревет повеќе“, ниту во хотели, ниту во соби за изнајмување.

    До 7 бродови за крстарење можат да се вкотват на островот во исто време, што значи дека би можеле да донесат над 14.000 патници доколку имаат капацитет.
    – Бродовите за крстарење му прават голема штета на островот. Кога има 8 или 9 бродови што испумпуваат чад, може да се види слој на загадување – вели жителка на Санторини.

    Во јуни, премиерот Киријакос Мицотакис ја покрена можноста за ограничување на пристигнувањето на бродови за крстарење на најпопуларните грчки острови.

    – Мислам дека ќе го направиме тоа следната година – рече тој, истакнувајќи дека Санторини и туристичкиот магнет Миконос „очигледно страдаат“ од хипертуризам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img