Вратите на Академијата се отворени, ама некој треба и да сака да влезе

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Што сака да постигне коалицијата Вреди со идејата да се формира албанска академија на науките во Македонија, за која, за почеток, планираат да обезбедат општинско финансирање, а подоцна да се донесе закон за државно финансирање, за кој ќе се разговара и ќе се преговара?

„Науката не може да се етнизира“

Во јавноста најавата на Вреди беше дочекана со остри критики. ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција дека „науката не може да се етнизира“ и дека „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници“. И ЗНАМ на Максим Димитриевски се огласи со реакција, во која оцени дека „идеите и обидите на Вреди се резултат на постизборен популизам“.

Опозицискиот СДСМ се огласи со став дека „МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници, институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби“. СДСМ шпекулира дека Мицкоски ветил нешто во врска со ова барање на Вреди пред формирањето на Владата.

Меџити: МАНУ да ги отвори вратите за Албанците

Вицепремиерот Изет Меџити се обиде да ја убеди јавноста дека иницијативата за формирање академија на Албанците е знак на прогрес.

„Сè додека граѓаните во државата, без разлика од која етничка припадност се, сакаат да се занимаваат со наука, со истражување, не треба да се плашиме. Албанците до вчера имаа проблем со основното, со средното образование, со универзитетите. Сега тоа што го бараат е да бидат вклучени и во научните истражувања и во академскиот дел. Тоа е за поздравување и мислам дека тоа ќе наиде поддршка и од поголемата заедница, т.е. од Македонците“, изјави тој.

Запрашан зошто оваа академија не биде дел од МАНУ, тој изјави дека можеби и тоа ќе биде решението.

„Ама и МАНУ треба да ги отвори вратите. Ќе прашам зошто во МАНУ нема вработено ниту еден Албанец? Дали втората заедница нема луѓе за МАНУ, не сакаат да се занимаваат со тоа? Ова е предизвик, го отвораме ова прашање и заедно треба да најдеме решение“, изјави помирливо Меџити.

Фити: Имало и има Албанци академици

Поранешниот претседател на МАНУ, Владо Камбовски, одлучно изјави дека е невозможно таква структура да постои во една држава. И академик Таки Фити, во изјава за порталот Локално, оцени дека станува збор за „апсурдна идеја“, бидејќи „во ниту една современа земја нема две национални академии“. Фити е дециден дека академија не може да се формира врз основа на етички принципи.

– Академијата е национална, но тоа не значи само на Македонците, туку на сите други етникуми во Македонија. И порано и сега, имало академци кои биле високо почитувани со различна етничка припадност. Имало и Власи, Турци, Албанци, дури има и една Полјачка. Денес во Академијата имаме четири членови од албанска националност, од кои двајца се активни и работат. Академиците Беџети и Абази како редовни членови, додека како дописен член е академик Зеќири, истакнува Фити, потсетувајќи се и на Луан Старова кој почина во 2022 година.

- Advertisement -
Ad image

Во врска со забелешките од политичките партии зошто нема ниту еден вработен Албанец во МАНУ, Фити објаснува:

– Во МАНУ, академиците нема статус на вработени, туку вработени во Академијата се административниот и техничкиот персонал во рамки на Секретаријатот и научни соработници со научни звања. Не бегаме од тоа да примиме Албанци, Власи или Турци – проблем е дали луѓето ќе се јават на конкурс. Имавме низа конкурси и ниту еден Албанец не ни се јавил. Зборувам за техничкиот персонал. Ако ги исполнува условите и критериумите, сигурно ќе биде примен – потврдува Фити.

Share This Article