Ердоган му плесна шлаканица на момче бидејќи не му ја бакна раката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На социјалните медиуми кружи снимка на која се гледа како турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, му удира шлаканица на момченце бидејќи не му ја бакнува раката, нешто што предизвика бурни реакции.

Инцидентот се случи за време на церемонијата на доделување на куќите кои се обновени како дел од урбаната трансформација во северната провинција Ризе.

По говорот, Ердоган им ги предаде клучевите од куќите на сопствениците.

На видеото се гледа како две деца од едно семејство излегоа на сцената пред нивните родители. Ердоган им ја подаде раката на децата за да му ја бакнат. Кога малото момче застанува неколку секунди и само гледа во претседателот, тој му удрира шлаканица за да го потсети да му ја бакне раката.

Откако Ердоган „го поучи“ детето со шлаканицата, тоа му ја бакна раката на претседателот кој, пак, му даде пари како што е ред во Турција. Постариот брат од прва му ја бакна раката на претседателот.

Бакнувањето рака на постарите е традиционален обичај во Турција и изразува почит кон возрасната личност.

Претходно турскиот претседател беше на инаугурација и на шега повторно удри по глава мало момче кое мавташе со лентата.

Share This Article