Кривична пријава за Бектеши кој е осомничен дека упатувал пораки на полициски началник од Охрид во врска со полициски активности по пријавени сомнежи за изборни нерегуларности.

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој е осомничен дека упатувал пораки на полициски началник од Охрид во врска со полициски активности по пријавени сомнежи за изборни нерегуларности.

Полицијата проверувала наводи за злоупотреба на лични податоци односно за прибирање податоци од избирачи, а началникот добил порака од министерот Бектеши.

Три и пол месеци по настанот МВР поднесе кривична пријава за Бектеши за тешко дело за кое е запретена минимална казна од 1 година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвор или дури и доживотен затвор (во случај да има жртви поради извршено попречување на правдата).

Што пишуваше во билтенот на МВР на 25 јули 2024 година?
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го осуди, како што рече, политички мотивираниот „лов на вештерки“ кој е насочен кон нивниот поранешен министер за економија, Крешник Бектеши, и ДУИ како политичка организација.

Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници.

„Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети. Овие дејствија се јасен обид на владата да го одвлече вниманието на јавноста од своите катастрофални неуспеси и да го заплаши албанскиот граѓанин, кој со право е огорчен од брзото влошување на неговата позиција од формирањето на оваа влада. Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализираше достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава. Јасно е дека владата со моноетнички легитимитет се обидува да ја прикрие својата неспособност и лошото управување напаѓајќи ги политичките противници. Остануваме решителни и нема да бидеме исплашени од овие кукавички тактики“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Партијата ги повика нејзините поддржувачи да не подлегнуваат на овие „злонамерни дејствија и да останат обединети против репресивните мерки на оваа влада“.

Share This Article