More

    Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат податоците на Евростат, а најзадолжена е Грција до учество на долгот во БДП од 159,8%

    spot_img

    Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат податоците на Евростат, а најзадолжена е Грција до учество на долгот во БДП од 159,8%.

    Податоците се однесуваат на првиот квартал од годинава, а  односот на бруто долгот кон домашниот бруто производ (БДП) во еврозоната изнесуваше 88,7%, додека на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесуваше 88,2%.

    Во рамките на Европската унија долгот забележа пораст од 81,5 на 82%.

    Дефицитот на еврозоната или разликата помеѓу тоа колку владите трошат и собираат, од друга страна, се намали во првиот квартал на 3,2 од 4% од БДП.

    Највисоки стапки на националниот долг во однос на БДП на крајот на првиот квартал од 2024 година забележаа Грција (159,8 отсто), Италија (137,7 отсто), Франција (110,8 отсто), Шпанија (108,9 отсто), Белгија (108,2 отсто) и Португалија (100,4 отсто).

    На спротивната страна е Бугарија  со учество на бруто долгот во БДП од 22,6 %, Естонија (23,6% и Луксембург (27,2%).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img