More

    Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречиле обид за нелегално внесување 30.000 евра во земјава

    spot_img

    Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречиле обид за нелегално внесување 30.000 евра во земјава.

    На 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гевгелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште, покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 50.000 евра за кои немале никаков документ за потекло.

    Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10.000 евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30.000 се задржани.

    За направениот прекршок, Царинската управа поднесе соодветна прекршочна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img