More

    Леонид Индов вчера, доцна попладне, беше транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје

    spot_img

    Леонид Индов вчера, доцна попладне, беше транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје, информираат Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи.

    Леонид беше на лекување во Виена, Австрија и за него на 10 јули 2024 година неговиот татко упати барање до ЦУК за воздухопловен транспорт. Според МВР, хеликоптерот за воздухопловни единици на МВР бил опремен со медицинска опрема, а во него бил и медицински тим од ГОБ „8 Септември“. Ова, нагласува ЦУК, е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).

    -Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје. Транспортот со хеликоптер се реализира согласно Договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на 6 февруари 2024 година од Скопје за транспорт на Леонид до Клиниката во Виена, Австрија на лекување.

    Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img