Многумина од нас се потат ноќе, особено во летните месеци. На ова може да влијае собната температура, дали го делиме креветот со партнерот и други фактори. Меѓутоа, ако нашата постелнина е редовно натопена со пот, тоа може да биде знак за рак, тврдат експертите.
Повеќето луѓе се потат во текот на ноќта, но ако редовно се будите со влажни чаршафи, треба да посетите лекар.
„Ноќно потење е кога се потите толку многу што ноќната облека и постелнината ви се влажни, иако местото каде што спиете е ладно“, објаснуваат научниците од Националната здравствена служба (NHS), пренесува Дејли експрес.
Доколку потењето е поинтензивно од вообичаено, не смееме да го игнорираме.
Седум видови на рак
На својата веб-страница, Cancer Research UK наведува „прекумерно ноќно потење“ како еден од вообичаените знаци на рак. Се додава дека тоа може да биде и несакан ефект на лекови или помали болести.
Добротворната организација истакнува: „Ноќното потење или високата температура (треска) може да бидат предизвикани од инфекции или несакани ефекти на одредени лекови. Тие често ги доживуваат и жените за време на менопаузата“.
Според NHS, постојат некои видови на рак кои можат да предизвикаат зголемено потење, вклучувајќи:
Леукемија
мезотелиом
Рак на коските
Рак на простата
Рак на бубрег
Ноќното потење не е чудно, особено во лето, но доколку е поинтензивно од порано, не треба да се игнорира.