Френсис Форд Копола обвинет за непримерно однесување кон жени, ги напаѓа и ги бакнува

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот режисер Френсис Форд Копола неодамна беше обвинет за непримерно однесување кон жените, а сега беа објавени видеа како тој се бакнува со некои од нив за време на снимањето на филмот „Мегалополис“.

Очевидци изјавија за „Гардијан“ дека бакнал некои статисти кои биле топлес или во малку облека за време на снимањето на сцената за споменатиот филм. Некои од нив наводно ги натерал да му седнат во скут.

„Вариети“ објави две видеа на кои се гледа како Копола ги бакнува.

Снимањето се случи во февруари 2023 година во концертната сала Табернакул во Атланта. На сетот имало меѓу 150 и 200 луѓе.

Изворот тврди дека постојано ги бакнувал, ги гушкал и упаѓал во кадарот, а со тоа го одложувал снимањето. Неговото однесување беше опишано како необично. Во еден момент Копола го зеде микрофонот и рече:

„Извинете ако дојдам до вас и ве бакнам. Ве молам знајте дека тоа е само за мое задоволство.“

 

Share This Article