Манчестер Сити и Милан обезбедија ефикасна фудбалска претстава во Њујорк, а на крајот италијанскиот тим се израдува на својата прва победа на американската турнеја како дел од подготовките за новата сезона.
На теренот издоминираа младите Коломбо и Насти, но надвор од него повторно во главна улога беше Златан Ибрахимовиќ.
Актуелниот функционер во редовите на Милан бил гостин на клупската телевизија на Манчестер Сити и не пропуштил да ги истрола домаќините, алудирајќи на малата база фанови на актуелниот англиски шампион.
– Имате ли воопшто гледачи на оваа Манчестер Сити ТВ? – праша Ибрахимовиќ, пред водителите да му посочат дека има дури двајца гледачи.
– Добра работа – поентирал Ибра за одлична атмосфера во отвореното студио.