Младиот пливач Ѓуретановиќ и возбуден и под голем притисок

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тремата и годините го направија своето, искоментира пливачот Никола Ѓуретановиќ кој денеска настапи на ЛОИ во Париз, откако во квалификациите на 400 метри слободно заврши последен со резултат 4:05,38 минути.

Ова е далеку полош резултат од неговиот личен рекорд на оваа патека, а кој изнесува 4:02,61 минути.

– Пред трката имав трема, а и моите години го направија своето – бев многу возбуден. Ова, сепак, е едно големо искуство за мене. Секако дека ќе се прикажам во подобро светло на следните големи натпреварувања – изјави 16-годишниот Ѓуретановиќ.

Share This Article