More

    Загинаа 30 Палестинци, а повеќе од 100 лица се повредени

    spot_img

    Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад врз училиште во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, се искачи на најмалку 30, а повеќе од 100 лица се повредени, соопштија палестинските здравствени власти.

    Претходно беше соопштено дека повеќе од 24 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, се убиени во нападот на училиштето во кое се сместени голем број раселени лица.

    Официјални лица најавија дека бројот на загинати би можел да биде поголем бидејќи операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.Во соопштението на израелската војска (ИДФ) се наведува дека цел на нападот бил „команден и контролен центар на Хамас во училишниот комплекс Кадија во центарот на Газа“.

    Во соопштението се тврди дека училиштето „се користи за напади врз војници и како складиште за оружје. ИДФ исто така наведува дека ги „предупредувала цивилите“ пред нападот.

    Претходно денеска, во бегалскиот камп Ал-Бурејџ, пет Палестинци беа убиени во израелски воздушен напад врз куќа, додека уште четворица беа убиени во друг напад на куќа во Рафа, во близина на границата со Египет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img