Еден од најопасните италијански мафијаши во бегство, член на организацијата „Роман камора“, Франческо Лапис, е уапсен во Барселона, соопшти денеска шпанската полиција.
Како што се наведува, Лапис бил на италијанската листа на „најопасните бегалци“ откако се дознало дека е поврзан со таа организација.
Тој е осуден во Италија за шверц на големо количество кокаин, хашиш и марихуана во Шпанија. Откако побегнал, италијанската полиција побарала помош од шпанските колеги да го пронајдат.
50-годишниот гангстер избегал од Италија во 2019 година, откако беше осуден во Рим за посредување во операции за трговија со големи количества дрога, кокаин и марихуана, меѓу Шпанија и Италија.
Италијанската полиција побарала помош од нивните шпански колеги во потрагата по Лапис откако тој се сокрил во Барселона, Шпанија, од каде продолжил со деловните активности, честопати патувајќи во Турција, Бугарија и други земји, објави Малта тудеј.
Шпанската полиција првин претпоставувала дека тој е на островот Ибица, но кога неговите соработници од Франција пристигнале во Барселона, почнала операција за надзор во тој град.
Иако неговите соработници презеле мерки да избегнат апсење, полицијата ги следела до предградие на Барселона, каде го пронашла на улица и набрзо го уапсила.
Италијанската полиција по Лапис распиша потерница преку Интерпол.