Најбогатите во светот, кои сочинуваат 1% од вкупната популација, го зголемија своето богатство за повеќе од 42 трилиони долари во изминатата деценија, пресмета невладината организација Оксфам пред Самитот на седумте најбогати земји во светот на кој главна тема е оданочувањето на најбогатите и сузбивањето на појавата најбогатите да ги избегнуваат даночните системи на земјите.
Организацијата оценува дека даноците за богатите се на „историски ниски непристојни нивоа“.
На Самитот на Г7 во Рио де Жанеиро, министрите за финансии на групата се очекува да постигнат напредок за начините за зголемување на давачките за ултра богатите и спречување на милијардерите да ги избегнуваат даночните системи. Иницијативата вклучува утврдување методологии за оданочување на милијардери и други лица со високи примања.
За предлогот се Франција, Шпанија, Јужна Африка, Колумбија и Африканската Унија, но САД се против.
Оксфам предлага годишен данок на нето богатство од најмалку 8% за „екстремното богатство“ на супербогатите.