Денеска се одбележува 61-години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, кој се случи во 5.17 часот, а помали потреси имаше до 5.43 часот. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.
Но, како изгледаше Скопје пред земјотресот?
Постарите граѓани го паметат како град со помалку возила, повеќе зеленило и со помалку згради и други објекти. Во следното видео можеме да забележиме снимки од старо Скопје пред земјотресот кои се извадоци од 13-минутиниот филм „Градот на Вардар (1962 година).
Видео прилозите со својата елегична атмосфера побудуваат носталгични чувства за еден дамнешен град, во друго време и со поинаков дух. Многумина возат велосипеди, кејот е „жив“, а автомобилите олдтајмери создаваат живописна и ретро атмосфера.